Предлог измени: Ќе се овозможува купување деловен простор на државата со непосредна спогодба
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерство за транспорт и врски започна со подготовка на Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.
За да можат да купат деловен простор од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката и Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, државните органи и субјектите од членот 2 од овој закон потребно е да учествуаат на електронско јавно наддавање согласно законот.
Целта на измените ќе бидат да се овозможи по исклучок од членот 5 од овој закон, a под услови и начин утврдени со предложените членови, продажба на деловен простор да може да се врши со непосредна спогодба за потребите на субјектите од членот 2 на овој закон и за државните органи.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:29/11/2018 – 26/12/2018