Предлог измени на Законот за безбедност и здравје при работа | Правдико

Правдико

   

Предлог измени на Законот за безбедност и здравје при работа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за безбедност и здравје при работа (“Службен весник на Република Македонија” бр. 92/07, 136/11,  23/13, 25/13 и 164/13), се уредуваат мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа.

Од реализација на проектот “Учиме од бизнис заедницата” произлезе потребата од соодветно регулирање на прашањето за безбедност и здравје при работа во рудниците за време на практична работа на ученици и студенти. Преку законското регулирање на оваа материја ќе се овозможи обука на учениците и студентите за безбедност и здравје при работа пред започнување со практичната работа, а работодавачот ќе има обврска да обезбеди услови за безбедно и сигурно извршување на практичната работа. Со ова мерка ќе се обезбедат обучени работници кои непречено по завршување на практичната работа ќе се вклучат во работниот процес во рудниците.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико