Предлог измени на Законот за поштенските услуги
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за транспорт и врски во насока на уредување на условите, начинот и постапката за обезбедување на поштенските услуги во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, а со цел за квалитетно и одговорно извршување на услугата од јавен интерес и запазување и исполнување на роковите за обезбедување на услугата, предлага измена и дополнување на Законот за поштенските услуги.
Единствен носител на универзалната поштенска услуга во Република Македонија е Акционерско друштво за поштенски сообраќај “Македонска пошта” во државна сопственост – Скопје.
Со членот 1 од Предлог законот во членот 30 се воведува нов став (3) со кој се прецизира дека обезбедувањето на одредени универзални поштенски услуги во име на давателот на универзалната услуга врз основа на договор може да се врши и од страна на други лица.
Со оваа законска одредба ќе се овозможи проширување на обезбедувањето на универзалната поштенска услуга на целата територија на Република Македонија, односно ќе се предвиди можноста давателот на универзалната поштенска услуга да склучува договори со правни и физички лица за вршење на универзална поштенска услуга, прием и достава на поштенски пратки.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА