Предлог измени на Законот за продажба на становите во општествена сопственост | Правдико

Правдико

   

Предлог измени на Законот за продажба на становите во општествена сопственост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Согласно Законот за продажба на становите во општествена сопственост, сопственикот на станот не може да го продаде станотна лицето кој е носител на станарското право, доколку сопственикот на станот го стекналистиот по основ на таканаречените присилни прописи.

Ваквото законско решение е пречка граѓаните да го остварат правото на откуп на станот дури и во случаи кога се работи за стан за кој воопшто не е поднесено барање за враќање во постапки за денационализација, било пред првостепените комисии или судска постапка.

Со предложената дополна на Законот ќе се овозможи продажба на становите стекнати по т.н. присилни прописи за кои од страна на поранешните сопственици не е поведена постапка за денационализација, односно е поведена постапка за денационализација или судска постапка за враќање на имот која завршила со правосилен акт согласно кој станот не е вратен на поранешниот сопственик.

Донесувањето на Законот за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост е со цел да се овозможи носителите на станарско право да ги откупат становите кои се одземени со таканаречените „присилни прописи“, а за кои воопшто не се поведени постапки за денационализација било пред првостепените комисии или судска постапка, односно е поведена постапка за денационализација или судска постапка за враќање на имот која завршила со правосилен акт согласно кој станот не е вратен на поранешниот сопственик.

Основно решение на предложениот Закон е да се даде законски основ за продажба на становите во општествена сопственост стекнати по основ на таканаречени „присилни прописи“, доколку за истите не е поведена постапка за денационализација, односно е поведена постапка за денационализација или судска постапка за враќање на имот која завршила со правосилен акт согласно кој станот не е вратен на поранешниот сопственик.

Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико