Предлог измени на Законот за технолошки индустриски развојни зони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Република Македонија со Законот за технолошки индустриски развојни зони (“Службен весник на РМ бр.14/2007, 103/2008, 103/2008, 130/2008, 139/09, 156/10, 127/12 и 41/14) се уредуваат погодностите за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони, условите, начинот и постапката за основање, развој и работење на технолошките индустриски развојни зони, дејности кои се вршат во технолошко индустриските развојни зони и посебните услови за нивно вршење, примена на царински прописи како и престанок на работа на технолошките индустриски развојни зони и на корисникот на технолошките индустриски развојни зони.
Со ова изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, се дополнуваат опшите одредби, односно членот 1 од законот кој го уредува предметот на законот, со додавање на постапка за оттуѓување на земјиштето како и развој на технолошко индустриските развојни зони.
Исто така, додадени се нови одредби со кои се уредува начинот на продажба на објектите во опфатот на зоната како и за нивно давање под закуп, предвидена е можност како купувач или закупец на објектите во опфатот на зоната да може да се јави секое физичко или правно лице, домашно или странско правно лице кое може да добие статус на корисник на зона.
Освен објектите во опфат на зоната, и земјиштето во зоната може да биде предмет на оттуѓување, на начин и во постапка согласно со овој закон.
Постапката за оттуѓување ја спроведува Комисија за спроведување на постапки за јавно наддавање во Министерството за економија или Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони.
Делот со надлежности на Дирекцијата за технолошките индустриски развојни зони се дополнува.
Со ова изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони се врши и негово доуредување со одредени одредби за кои се појави потреба во текот на спроведување на законот.
Основната цел на предложениот закон е дополнување на опшите одредби, односно членот 1 од законот кој го уредува предметот на законот, со додавање на постапка за оттуѓување на земјиштето или објектите во опфатот на технолошко индустриските развојни зони, како и развој на технолошко индустриските развојни зони.
Воедно се врши и доуредување на одредени одредби од законот кај кои се појави потреба.
Исто така, додадени се нови одредби со кои се уредува начинот на продажба на објектите во опфатот на зоната како и за нивно давање под закуп, предвидена е можност како купувач или закупец на објектите во опфатот на зоната да може да се јави секое физичко или правно лице, домашно или странско правно лице кое може да добие статус на корисник на зона.
Целиот текст можете да го преземете ТУКА