Предлог измени на Законот за вработување на лица со инвалидност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Новиот предлог со Законот за вработување на лица со инвалидност содржи решенија кои се насочени кон искористување на работната способност на лицата со инвалидност и нивна соодветна конкурентност на отворениот пазар на труд. Се воведува квотен систем за вработување на лица со инвалидност. Имено, се предлага секое претпријатие ( од јавен и приватен сектор) кој има над одреден број на вработени да има обврска да вработи лице со инвалидност.Се предлага квотата да изнесува помалку од 2% ниту повеќе до 6% од вкупниот број на вработени во зависност од дејноста која ја врши работодавачот.
Вработувањето на лицата со инвалидност се однесува на лица кои според својата инвалидност се работно способни и се оспособени да вршат одредени работи и активности. При вработувањето работпдавачот нема обврска да се води од видот и степенот на инвалидност.Изборот на лицето кое ќе се вработи ја врши самата компанија ( работодавач).
Доколку работодавачот не вработи лице со инвалидност а има таква обврска , ќе плаќа паричен надоместок во висина од 70% од минималната плата ( во бруто износ). Средствата од овој надоместок ќе се уплаќаат во посебниот фонд и ќе се користат за професионална рехабилитација на лицата со инвалидност, стручно оспособување на лицата со инвалидност, финансиска поддршка на компаниите кои ќе вработат лица со инвалидност во однос на техничка опрема, адаптација на работното место, стручно оспособување на рботнициите и др.Преку воведување на квотниот систем за вработување ба лица со инвалидност се овозможува адекватна социјална инклузија на лицата со инвалидност, бидејќи тие работници под исти услови ќе конкурираат на активниот пазар на труд и ќе работат под исти услови како и останатите работници . Истовремено, компаниите стануваат општествено одговорни бидејќи вработуваат лица со инвалидност.
Новина во законот претставува законското уредување на професионалната рехабилитација на лицата со инвалидност. За почеток се предлага таа да се врши во постојните институции за образование на возраснии, установи од социјална заштита како и кај работодавач или правно лице. Професионалната рехабилитација ќе се реализира по претходно одобрен план и мерки за релаизација на истата и ќе се финансира од посебниот фонд.
Квотниот систем за вработување на лица со инвалидност постои во скоро сите европски држави и тоа : Австрија, Германија, Чешка, Словечка, Франција, Луксембург, Словенија, Хрватска, Србија, Романија, Италија.
Законот и понатаму содржи поволности за претпријатијата кои ќе вработат лица со инвалидност како и за трговските друштва кои имаат лица со инвалидност повеќе од 40% од вкупниот број на вработени, изразени преку даночни ослободувања, ослободудувања од социјалните придонеси. Покрај овие ослободувања се предлага и финансиска поддршка на претпријатијата која директно ќе биде насочена кон подобрување, олеснување на процесот на работа за лицето со инвалидност, како на пример набавка соодветно на неговите потреби. Финансиската поддршка ќе се однесува и на претптијатијата кои ќе спроведуваат професионална рехабилитација.
При подготовка на законот се користеше искуството на експерти од Меѓународната организација на трудот, а земено е во предвид искуството на неколку држави од регионот: Србија, Хрватска, Турција, Словенија и Австрија.
Исто така, на 22 мај 2014 година во Скопје, во организација на Националното координативно тело за еднакви права и можности на лицата со инвалидност при Влада на РМ се одржа меѓународна конференција на тема „Законски решенија за вработување на лицата со инвалидност“.Искуствата од другите држави се вградени во предлог текстот на законот.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА