Правдико

   

Предлог измени: Надоместоците за плати и опремување на ОТА да бидe на терет на АЕК

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со измените на Законот за електронските комуникации од декември 2017 година, се посочува дека еден од приоритетите во правец на реформите усвоени од страна на Владата на Република Македонија, предвиден со Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите за надминување на констатираните недостатоци во областа на следење на комуникациите, е формирањето на Оперативно техничка агенција, како самостоен државен орган со својство на правно лице со надлежност утврдена со посебен закон – Закон за Оперативно техничка агенција (Службен весник на Република Македонија, број 71/18).

 

Законодавецот во член 33 од Законот за Оперативно техничката агенција наведува дека „Средствата за плата, надоместоци и додатоци на плата, за работа, унапредување, модернизација и опремување на Оперативно техничката агенција, како и за стимулирање на работниците во неа, се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.“, со што предвидел дека сите потребни средства за работа на Оперативно техничката агенција, во кои се подразбираат не само плати надоместоци и додатоци на плата за вработените, туку и целокупната опрема, унапредување и модернизација на технички план паѓа на Буџетот на Република Македонија.

Согласно ова решение државата треба да ги сервисира сите трошоци кои се врзани за тековното работење на ОТА. Од друга страна, според Законот за електронските комуникации до основањето на Оперативно техничката агенција активностите кои се однесуваа на безбедноста, доверливоста на комуникациите, контролата на исполнувањето на предвидените обврски од страна на операторите итн (од член 166 до член 193 од ЗЕК) за кои беше законски должна да ги извршува Агенција за електронски комуникации, сега, голем дел од нив се во надлежност на Оперативно техничката агенција. Во таа насока, Оперативно техничката агенција го презема најголемиот „товар“, имајќи предвид дека само таа е единствено, законски е одговорна да овозможи пристап до мрежите на операторите заради следење на комуникациите.

Со други зборови, по формирањето на ОТА како регулаторно тело за сегментот од работите кои беа во надлежност на АЕК, а сега се во надлежност на ОТА „природно е и праведно“, финансиските средства кои биле калкулирани како расходни средства за извршување на истите активности од буџетот на АЕК да се прелеат автоматски во буџетот на ОТА – стои во образложението н предлог измените.

Со член 1 од Предлог на законот се менува член 33 од Законот за оперативно-техничка агенција, со кој се овозможува средствата за плата, надоместоци и додатоци на плата, за работа, унапредување, модернизација и опремување на ОТА, како и за стимулирање на работниците во ОТА, предвидени со годишниот финасиски план на ОТА, се обезбедуваат од надоместоците на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, согласно Законот за електронските комуникации, врз основа на претходно одобрен годишен финансиски план на Оперативно-техничката агенција од страна на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите на Собранието на Република Македонија и од Буџетот на Република Македонија.

Имено, по својата природа на работа Оперативно техничката агенција спаѓа во посебните ргулаторни тела, додека со оглед дека при работата доаѓа во допир со материја која е безбедносно високо класифицирана и сензитивна, оттаму, нејзината позиција е специфична. Како посебно, односно специфично регулторно тело во областа на електронските комуникации, кое презема работи кои беа во делокругот на работа и надлежност на Агенцијата за електронски комуникации, неспорно е дека финансиските средства што по основ на утврдени надоместоци ги прибира, а истите се однесуваат на активности кои сега целосно или само во еден дел, ги презема Оперативно техничката агенција, тие финнсиски средства треба да се слеат во буџетот на Агенцијата. На таков начин Оперативно техничката агенција и државата, трајно би го решил прашањето за финансиската опстоивливост и непречено функционирање на агенцијата.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико