Предлог измени во Кривичниот законик
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во февруари 2014 година беше донесен Законот за изменување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/14) во кој беше пропишано дека одмерувањето на казната судот го врши согласно со Правилникот за начинот на одмерување на казните кој го донесува претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, по претходно мислење од јавниот обвинител на Република Македонија и Адвокатската комора на Република Македонија. Наведениот правилник беше донесен во 2014 година.
Во 2014 година заради задоволување на стандардите на Doing business беше пропишано ново кривично дело „Злоупотреба при склучување на договор меѓу заинтересирани страни“ – член 275 – г. Со него се пропиша кривична одговорност за одговорно лице во правно лице, кое свесно ќе склучи договор како заинтересирана страна спротивно на законските прописи за склучување таков договор и со тоа ќе предизвика значителна имотна штета за правното лице или за трети лица, или значителна имотна корист за правното лице или за трети лица.
За основниот облик на ова дело беше пропишана парична казна и затвор од шест месеци до три години. Во меѓувреме беа доставени дополнителни забелешки од Светска банка во насока на допрецизирање на ова кривично дело со вградување дополнителни елементи во битието на делото кои се однесуваат на постоењето очигледен несразмер меѓу заемните давања и сторувања и доколку вредноста на зделката не е утврдена според пазарните услови. Наведените сугестии се вградени во текстот на овој закон. Воедно, со предлогот се дава и дефиниција за поимот „заинтересирана страна“ усогласена со Законот за трговските друштва.
Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА