Предлог измени во Законот за електронски комуникации | Правдико

Правдико

   

Предлог измени во Законот за електронски комуникации

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и се дава можност на Агенцијата за електронски комуникации, доколку се појави потреба, од оправдани причини, да ја измени Годишната програма за работа на Агенцијата за наредната година, по постапка предвидена за нејзиното донесување.

Исто така со Предлогот на Законот во Агенцијата се воспоставува посебна организациона единица како национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT) и се дава право на Агенцијата   на операторите кои поседуваат јавни мобилни комуникациски мрежи и обезбедуваат  јавни мобилни комуникациски услуги да им наметне соодветни регулаторни обврски за големопродажните и малопродажните услуги кои ги нудат во роаминг на корисниците од земјите со кои Република Македонија има потпишано Спогодба за намалување на цените на услугите во роаминг во јавните мобилни комуникациски мрежи.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико