Предлог измени во Законот за финансиски друштва | Правдико

Правдико

   

Предлог измени во Законот за финансиски друштва

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Согласно Законот за финансиски друштва, Министерството за финансии издава дозволи и врши надзор над работењето на финансиски друштва. Со Законот е уредена документацијата што треба да се достави кон барањето за основање на финансиско друштво како и причините поради кои министерот за финансии го одбива барањето. Праксата покажа дека при одлучување по барањето дел од документацијата се приложува формално, односно надлежниот орган нема основ да ја оцени истата и да го одбие барањето доколку оцени дека приложените докази се несоодветни. Поради тоа, се предлагаат дополнувања на Законот со кои ќе се доуреди постапката за оценка на документацијата и причините за одбивање на барањето за добивање на дозвола.

Според постојниот Закон, во постапката за издавање на дозвола за основање на финансиско друштво се доставува листа на сопственици и извори на капиталот со цел при издавањето на дозволата да се оцени соодветноста на основачите и на капиталот. За разлика од ваквото решение, за идните промени на основачите и на капиталот, надлежниот орган нема овластување да ја оцени сопственичката структура и изворите на средства. Со тоа се овозможува на пазарот да настанат значајни промени за кои надлежниот орган не се произнел. Поради тоа, а со цел да се зајакне стабилноста на овој сегмент од финансискиот пазар, се предлага надлежниот орган да дава согласност и за промена на сопственичката структура и капиталот на финансиските друштва.

Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва е со цел подобро регулирање на работењето на финансиските друштва, јакнење на стабилноста на пазарот и сигурност на клиентите.

Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва се заснова на следниве начела:

  1. стабилност на пазарот и
  2. заштита на корисниците на услуги.

Основни решенија на предложениот Закон:

1. се дефинираат причините за одбивање на барање за добивање дозвола за основање на финансиско друштво;

2. се воведува претходна согласност за промена на сопственичката структура и основната главнина на финансиските друштва и се уредува постапката за поднесување на барање и за издавање на согласностите.

Целиот текст на Предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико