Предлог измени во Законот за Народна банка на РМ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со членот 13 став 4 од Законот за Народната банка на Република Македонија е дадена можност, врз основа на согласност од Владата на Република Македонија, Народната банка да отвори сметка за специјални резерви за покривање на трошоци за однапред предвидени намени. Со членот 15 став 1 од Законот е уреден начинот на распределба на финансискиот резултат и тоа: дел се распределува во општите резерви, а остатокот се пренесува во Буџетот на Република Македонија.
При тоа е уредено дека распределбата може да се врши единствено на начинот определен со ставот 1 од членот 15. Поради неусогласеност на овие две одредби од Законот, одредбата од членот 13 став 4 е неспроведлива во пракса. Имено, Народната банка може да отвори сметка за специјални резерви доколку за тоа добие согласнот од Владата на Република Македонија, но на оваа сметка не може да се издвојат средства поради одредбата од член 15 став (2) која уредува дека финансискиот резултат може да се распредели само во општи резерви и во Буџетот на Република Македонија.
Со цел да се овозможи примена во пракса на членот 13 став 4, потребна е измена на членот 15 во делот кој се однесува на распределбата на финансискиот резултат. Со членот 50-а од постојниот Закон за Народна банка на Република Македонија е предвидена листата на меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик од кои еден треба да поседуваат вицегувернерите и неизвршните членови на Советот на Народната банка. Во листата е вклучен и сертификатот – АПТИС, најмалку ниво Б2. Овој сертификат е несоодветен за позицијата вицегувернер и неизвршен член на Советот и поради тоа потребно е да се избрише од листата.
Предложените изменувања и дополнувања на Законот за Народната банка на Република Македонија имаат за цел: – да се изврши меѓусебно усогласување на одделни одредби од Законот, а со тоа да се овозможат примена во пракса на одредбата од член 13 став 4 од Законот која и дава можност на Народната банка да отвора сметка за специјални намени и – вицегувернерите и неизвршните членови на Советот на Народната банка да поседуваат соодветен меѓународно признат сертификат или уверениe за активно познавање на англискиот јазик.
Предлог измените можете да ги превземете ТУКА