Предлог измени во Законот за полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за полиција, нормaтивно правно се уредуваат полициските работи, организацијата на Полицијата, полициските овластувања и правата и обврските што произлегуваат од работниот однос на полициските службеници во Министерството за внатрешни работи, што не се уредени со Законот за внатрешни работи.
Содржински, Законот за полиција е поделен во VIII глави: општи одредби, полициски работи, организација на Полицијата, полициски овластувања, работни односи, резервен состав на Полицијата, овластување за подзаконски прописи и преодни и завршни одредби.
Поаѓајќи од принципот на конзистетност на правниот систем, кој меѓу другото претпоставува прецизни нормативни решенија, Министерството за внатрешни работи пристапи кон допрецизирање на одредбите од Законот за полиција со кои се уредуваат полициските овластувања односно начинот на преземање одредени дејствија во рамки на полициските овластувања.
Истовремено, заложбите за соодветно регулирање, односно зацврстување на системот на контрола и времено или трајно одземање на службено оружје кое го должат службени лица, во случај кога против истите се води постапка за било каков вид на насилство, односно кога постојат околности дека службеното лице истото оружје може да го злоупотреби, имплицираат соодветни допрецизирања на одредбите од Законот за полиција со кои се уредува носењето на оружјето од страна на полициските службеници, преку предвидување можност за негово привремено одземање, како и конкретни мерки кои Министерството за внатрешни работи задолжително ќе ги презема во случаите кога полициски службеник извршил кривично дело или прекршок со елементи на насилство.
Воедно, со оглед на потребата од доуредување на одредени прашања во делот на униформата на Полицијата кои се предмет на регулирање на конкретни подзаконски прописи, се наметна потребата од предвидување соодветен правен основ за ревидирање на постојните односно донесување нови подзаконски акти, со кои ќе се доуредат одредени аспекти во врска со изгледот односно носењето на униформата на Полицијата.
Целото издание можете да го превземете ТУКА