Предлог измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти | Правдико

Правдико

   

Предлог измени во Законот за постапување со бесправно изградени објекти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во законот е предвидена постапка за промена на барател за утврдување на правен статус на бесправен објект, при што е предвидено да се изврши промена со согласност на подносителот на барањето за утврдување на правен статус за истиот бесправен објект, која постапка се злоупотребува во пракса односно во рамки на истата се врши и промена на објектот за кој е поднесено барањето за утврдување на правен статус.

Понатаму еден од условите за утврдување на правен статус на бесправни објекти кои се наоѓаат во заштитен појас на државни и локални патишта, односно во заштитен појас на железничка инфраструктура е согласност од органот кој е надлежен за управување со патната и железничката инфраструктура.

Исто така во законот не е извршено допрецизирање на  доказите кои треба да се достават за електронски комуникациски мрежи и средства кои се линиски објекти.

Целта на предложените измени е да се овозможи спроведување на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен појас на државен и локален пат и железничка пруга.

Исто така предложените имени се во насока на спречување на злоупотреби при спроведување на постапките за промена на барател. Предлогот на законот се заснова на истите начела врз основа на кои е донесен Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Целиот текст можете да го преземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико