Предлог измени во Законот за угостителска дејност | Правдико

Правдико

   

Предлог измени во Законот за угостителска дејност

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за угостителската дејност („Службен весник на РМ ’’бр.62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13 и 187/13) се уредуваат условите и начинот на вршењето на угостителската дејност.

Согласно Извадокот од Нацрт-записникот од 31-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 4.11.2014 година, предвидено е да се воведе нова одредба во Законот, со која Единиците на локалната самоуправа ќе се задолжат еднаш месечно да доставуваат податоци до Министерството за економија, за категоризирани објекти на физички лица кои нудат услуги за сместување.

Воедно, по барање на градот Скопје и општините во градот Скопје, предложени се дополнителни одреби во Законот со кои се воведува правен основ за водење постапка за издавање решенија за упис на физичките лица во регистарот што го водат општините, за истите понатаму да можат да вршат угостителска дејност. Според членот 4 од Законот, физичките лица кои вршат угостителска дејност се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје кај градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје.

Во консултации со Секретаријатот за законодавство е констатирано дека оваа одредба не претставува правен основ, според кој градоначалникот на општината може да донесе решение за упис на физичките лица, во регистарот кој што го води, за физичкото лице да може да ја врши угостителската дејност за која би имал добиено решение. Токму поради ова, во рамки на Законот предложени се три нови члена со кои се предвидува постапка за издавање решенија од страна на градоначалникот на општината, за упис на физичките лица кои вршат угостителска дејност, во регистарот што го водат општините.

Со предложените дополнувања на Законот ќе се овозможи реализација на проектот на Владата на Република Македонија “Категоризација на индивидуални сместувачки капацитети и он-лајн платформа за следење и промовирање на сместувачките капацитети во сите туристички места во државата“, на начин што Министерството за економија ќе располага со податоци на државно ниво за сите категоризирани објекти на физички лица кои нудат услуги за сместување, за нивен понатамошен развој, промоција и афирмација. Овие податоци, на месечна основа ќе бидат доставувани до Министерството за економија, од страна на општините, кои согласно Законот имаат надлежност да ја спроведат постапката за категоризација на угостителските објекти на физичките лица.

Со Предлог на Законот, воедно ќе се овозможи и спроведување постапка за издавање решенија за вршење угостителска дејност од страна на физичките лица, која постапка ќе ја спроведуваат Единиците на локалната самоуправа, согласно Законот, како и подзаконските акти кои е предвидено да ги донесе министерот за економија.

Целиот текст на предлог измените може да го преземете

Препорачуваме

Партнери на Правдико