Правдико

   

Предлог измени во Законот за заштита на населението од заразни болести

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен Весник на Република Македонија“ број 66/04, 139/08 и 99/09) се утврдуваат обврски и процедури на државните органи, единиците на локална самоуправа, здравствените установи и други правни и физички лица со цел на заштита на населението од заразни болести кои може да имаат епидемиолошки размери и сериозни последици.

Со предложените измени се врши дополнување со нови изрази,  прецизирање и проширување на обврската за известување при утврдување на постоење на изолат на конкретни причинители, приширување на листата на изолати, се врши промена во прекршочните одредби за непостапување по оваа обврска, како и усогласување според кое надлежноста за решавањето по прекршочните предмети (водење на постапка за порамнување) ќе се пренесе од Министерството за здравство на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Со решенијата содржани во предлог законот се овозможува унапредување на системот за превенција на населението од заразни болести.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико