Предлог измени во Законот за земјоделско земјиште | Правдико

Правдико

   

Предлог измени во Законот за земјоделско земјиште

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Во членот 49 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14 и 130/14), се пропишува постапката за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште.

Со цел усогласување на постапката за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште со Законот за просторно планирање се предлагаат измени на членот 49 од Законот за земјоделското земјиште, со кои ќе се овозможи барањата за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште до Министерствот да се поднесуваат преку информативниот систем е-урбанизам, но истовремено се пропишува и потребната документација која подносителите на барањата треба да ја достават заради започнување на постапката за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште.

Исто така во член 49 од Законот за земјоделското земјиште, се пропишува дека органот кој е подносител на барањето за трајна пренамена на земјоделско во греадежно земјиште е должен да ја надомести штетата што може да ја претрпи органот надлежен за располагање со земјоделското земјиште во државна сопственост поради престанување на важењето на договорот за закуп по сила на овој закон заради трајна пренамена на земјоделското земјиште во државна сопственост во градежно.

При тоа во случаите кога се врши трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште поради донесување на државна и локална урбанистичка планска документација, урбанистичко-планска документација за туристичка развојна зона и урбанистичо-планска документација за автокамп и проект за инфраструктура, подносителот на барањето за одобрување на државната и локалната урбанситичка планската документација, односно проектот за инфраструктура е должен да ја надомести настаната штета поради трајна пренамена на земјоделско земјиште во државна сопственост согласно со ставот 8 на овој член, најдоцна во рок од 15 дена од денот на исплатата.

Со предложените дополнувања на Законот за земјоделското земјиште, се предлага постапка и конкретни рокови за обесштетување на корисниците на државно земјоделско земјиште на кои Министерството им ги раскинува договорите за закуп и им го одзема земјоделското земјиште врз основа на донесена урбанистичка планска документација.

Истовремено со донесување на овој закон ќе се овозможи во пропишана постапка и рокови да се изврши обештетување на корисниците на државно земјоделско земјиште на кои Министерството им ги има раскинато договорите за закуп поради донесена урбанистичка планска документација.

Воедно со предложеното решение Министерството како надлежен орган за вршење на работи од областа на земјоделството од својата буџетска сметка врши исплата согласно направената процена на штета изготвена од Бирото за судски вештачења, односно од овластени проценители на корисниците на државното земјоделско земјиште чии договори престанале да важат поради донесена урбанистичка планска документација, при што по реализација на истите доставува доказ до подносителот на барањето за трајна пренамена за потвраток на средствата на истата буџетска сметка на Министерството од која се извршени исплатите.

Со донесувањето на овој закон ќе се овозможи во пропишана постапка и рокови да се спроведе постапката за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште од причина што информативниот систем е-урбанизам нема да прифати доставување на некомплетни барања за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште.

Целиот текст на Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико