Предлог-закон со кој американскиот Конгрес ќе може да го преразгледа договорот со Иран
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Конгресот на САД испрати предлог-закон до претседателот Барак Обама, со кој е предвидено да се преразгледа дури и да се отфрли договор со Техеран за иранската нуклеарна програма, кој треба да биде склучен.
Претставничкиот дом со големо мнозинство – 400 гласови „за“ и 25 „против“ го изгласа предлог-законот, а претседателот Обама најави дека ќе го потпише. Минатата недела предлог-законот беше одобрен од Сенатот.
Според предлог-законот претседателот на САД пет дена пон потпишувањето на конечниот договор со Техеран , што се очекува да биде на 30 јуни, да го претстави текстот пред соодветните комисии во двата дома на американскиот Парламент.
Тие ќе имаат 30 дена да го разгледаат договорот. Потоа претседателот во текот на 12 дена има право да стави вето на одлуката на Конгресот, а Конгресот има 10 дена да го оспори ветото. Во тој период САД нема да ги укинат санкциите кон Иран. Ако сенаторите не го одобрат договорот, Обама ќе нема право како претседател привремено да ги укине некои економски мерки, воведени од Конгресот кон Иран.
Извор: 24Вести