Правдико

   

Предлог-законот за централен регистар на населението оди во Собрание

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на седница го утврди текстот на предлог-законот за централен регистар на населението за да се утврди унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци врз основа на утврдени стандарди и процедури.

„Овие стандарди и процедури, кои ќе го допрецизираат принципот на унифицираност при електронска размена и интеграција на податоци, како и принципот на единственост, ќе обезбедат основи за доследна имплементација на принципот на доверливост, со што ќе се зајакнат механизмите за заштита на личните податоци на населението“, соопштија од Владата.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, минатата година рече дека регистарот на населението не е замена за попис.

„Регистарот на населението е основа и за порталот за е-услуги, каде што граѓаните ќе може најголем дел од услугите што секојдневно им се потребни да може да ги добие по електронски пат. Ова претставува платформа за креирање електронски идентитет на граѓаните и постојано ќе се надградува со податоци од други институции. Регистарот на населението има цел да ги донесе услугите до граѓаните на поедноставен начин да се добиваат сите потребни документи, што ќе придонесе до подобрување на квалитетот на животот“, истакна министерот Манчевски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико