Предложен е нов Закон за класифицирани информации | Правдико

Правдико

   

Предложен е нов Закон за класифицирани информации

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за класифицирани информации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 09/04, 113/07, 145/10, 80/12, 41/14, 21/18 и 83/18) се уредува системот за заштита на класифицирани информации во Република Македонија. Законот досега е менуван и дополнуван шест пати, согласно потребите согледани преку неговата непосредна примена во областа која ја уредува или поради усогласување со други закони чии одредби потребно е да се имплементираат во законскиот текст. Во меѓувреме не е изработен официјален пречистен текст.

Воедно, во текот на имплементацијата на Законот утврдена е дополнителна потреба за воведување законски решенија за усогласување со постојната регулатива во други области и за воведување законска основа за донесување подзаконски акт којшто ја регулира криптозаштитата во земјата. Согласно интеграциските процеси на земјата во НАТО и ЕУ, согледана е и потреба за проширување на надлежностите на Дирекцијата во доменот на размената и заштитата на класифицирани информации со меѓународните организации.

Во новиот Предлог-закон за класифицирани информации се дадени решенија насочени кон одржување високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и кон прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се во корелација со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Во предложените измени и новите решенија во Предлог-законот за класифицирани информации, акцентот пред сè е на усогласувањето со Законот за инспекциски надзор, обезбедувањето заштита на лицата кои ќе пријават класифицирана информацијата со која се прикрива пречекорување на овластување, злоупотреба на функцијата или некое друго незаконско дејствие, односно казниво дело до надлежен орган согласно Законот за заштита на укажувачите, како и пополнување на постојната правна празнина со додавање инкриминации за лицата што ќе оддадат класифицирана информација со понизок степен на класификација од „државна тајна“ (во моментов во Кривичниот законик постои инкриминација само за оддавање на државна тајна, но не и за класифицирани информации со пониските степени на класификација).

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико