Предложен е НОВ Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост | Правдико

Правдико

   

Предложен е НОВ Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со цел приближување кон законодавството на Европската Унија, Царинската управа на Република Македонија подготви нов Предлог Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, кој воедно е дел од Националната програма за усвојување на правото на  Европската унија  (НПАА).

Донесувањето на новиот Предлог Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост ќе придонесе за усогласеност со новата регулатива на ЕУ бр. 608/2013, која се применува во ЕУ од 01.01.2014, со која се става вон сила Регулативата бр. 1383/2003, што е причина Царинската управа да подготви нов предлог закон.

Структурата на новиот Предлог Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост е изработена врз основа на новата регулатива на ЕУ бр. 608/2013, при што постои значителна разлика во врска со постојниот Закон за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, кој е базиран на старата Регулатива на ЕУ бр. 1383/2003.

Во новиот Предлог Закон  за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, во членот 4 постојат нови дефиниции како на пример: сертификат за дополнителна заштита на производите за заштита на растенијата; сертификат за дополнителна заштита на медицински производи; права за одгледување сорти на растенија во земјата; топографии на интегрални кола; корисен модел; заштитена географска ознака или ознака на потекло на земјоделски и прехранбени производи; ознака на потекло или географска ознака за вино; географски ознаки за ароматични пијалоци врз база на вино; уништување; мала пратка; расиплива стока; ексклузивна лиценца.

Членот 10 од новиот Предлог Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост предвидува дека барателот не плаќа надомест за обработка на барањето за преземање царински дејства.

Во новиот Предлог Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост во членот 15 е опфатена измена на прифатеното барање во однос на  правата од интелектуална сопственост. Исто така новина се и членовите 25 и 34 кои се однесуваат на размена на информации со други царински органи како и размена на информации во врска со поднесените барања.

Новина е и постапката со мали пратки, која е дефинирана во членот 29, а која не постоеше во претходниот закон.

Со новиот Предлог Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост во членот 35 е предвидено воспоставување на централна база на податоци, со што истиот во делот на заштитата на правата од интелектуална сопственост ќе биде комплетно усогласен со новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи СОЦДАД (CDEPS), кој е во фаза на реализација на Царинската управа.

Целиот текст на новиот предлог закон можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико