Правдико

   

Предложен е нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Односите во тутунското стопанство во Република Македонија во последниве 15 и повеќе години ce драстично изменети, во споредба со односите кои владееле во претходниот период.

Последниве години од вкупните количини тутун во Република Македонија кои ce откупуваат и обработуваат, околу 90% припаѓаат на компании со приватна сопственост и остатокот од 10% припаѓа на Тутунски комбинат Прилеп кој е во доминантна државна сопственост. Овие приватни компании откупуваат и обработуваат тутун по претходно направени планови и договори со мултинационални компании на кои им го продаваат обработениот тутун.

Во Република Македонија во сила е Законот за тутун и тутунски производи („Службен весник на Република Македонија“бр.24/06, 88/08, 31/10, 36/11, 53/11, 93/13, 99/13, 164/13, 151/14, 193/15, 213/15 и 39/16).

Со оглед на фактот што од неговото донесување во 2006 година па се до сега, направени се 11 измени и дополнувања и тоа за периодот 2006-2016 година, при што голем дел од содржината на Законот е изменета, дополнета и усогласена со други закони, што го прави законот потежок за следење, се оцени дека има потреба од донесување на нов закон.

Со Предлог – законот се доуредуваат односите во врска со договарањето на производството и откупот на тутунот, регистарот на откупувачи на тутун, начинот на спроведување на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун, регистарот на производители, извозници и увозници на производи од тутун и сродни производи, регистарот на марки на производи од тутун и сродни производи, електронски цигари и растителни (билни) производи за пушење, адитиви во производи од тутун, изглед и пакување на производи од тутун и сродни производи, предупредувања и информативни пораки на производи од тутун и сродни производи, финансирањето, контролата на тутунот,  производите од тутун, сродните производи и адитивите, надзорот и прекршочните одредби.

Има за цел да ја подобри и поедностави постапката за пријавување на производство на тутун со тоа што ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун, а откупувачот на тутун ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција на тутун и внесените податоци да ги достави до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Ќе се изврши усогласување на календарот на активности (подготовка на земјиштето, расадопроизводството, садење, берба, сушење и откуп)  со роковите за пријавување на производството на тутун, склучувањето на договорите и крајниот рок на завршување на откупот на тутун од страна на откупувачот на тутун;

Ќе се овозможи транспарентност во врска со содржината на договорот кој треба јавно да се објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот;

  • Прилагодување на рокот за верификација на мостри за откуп на тутун, во случаите кога во текот на откупот ќе се појави потреба за верификација на нови мостри.
  • Можност за дополнително отварање на откупни пунктови во текот на откупот.
  • Внесување во електронскиот систем (ИСЕТ) на договорените и откупените количества на тутун од страна на откупувачите.
  • Подобрување на начинот на полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на необработен тутун во лист.
  • Обука за проценителите на тутун преставници на тутунопроизводителите и откупувачите, согласно постоечките и новите законски одредби.
  • Регулирање на производството, прометот и контролата на електронските цигари, несогорливиот тутун и сродните производи.
  • Подобрување на надзорот врз нелегалното производство на тутун, тутунски и сродни производи.
  • Доуредување на надзорот врз недоговореното производство на тутун.
  • Севкупно подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис заедницата од работењето на тутунското стопанство.

Целосниот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико