Предложен е НОВ Закон за утврдување на цени на воднитe услуги
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Република Македонија, цената на користењето на водата, како и цената на собирање и пречистувањето на урбаните отпадни води (во понатамошниот текст: цена на водна услуга) се уредени со Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, како и со Методологијата за утврдување на цената на водата за пиење и одведување на урбани отпадни води (Методологија). Цените на водоводните услуги треба да се определуваат согласност Методологијата, а ги донесуваат советите на општините, врз основа на предлог на градоначалникот и на Јавните комунални претпријатија (ЈКП).
Сепак праксата во РМ покажа дека цените најчесто се премногу ниски, и не се во согласност со методологија, што се должи на фактот дека не постои законска основа со која методологијата е задолжителна за примена, како и ниту еден субјект не врши контрола во однос на определувањето на цената на водоводната услуга. Воедно, цената на обезбедување на сурова вода за водоснабдување се уредува со Законот за водостопанства.
Еден од најголемите проблеми со кои се соочува моменталниот тарифен систем за вода фактот што не се применува начелото на загадувачот плаќа, при што сегашните тарифи не ги покриваат сите трошоци на давателите на услугите за води, особено оние поврзани со собирањето и третманот на отпадните води; амортизацијата во некои случаи само делумно е рефлектирана во цената на водоводната услуга најчесто поради проблемите околу процената на основните средства и нивното нецелосно вклучување во сметководсвениот систем; тарифите не се ревидираат онолку често колку што е потребно за да ги рефлектираат промените во трошоците, барем на инфлацијата, како и во некои случаи делови од приходите се насочувани кон други потреби на општината или на Јавното Комунално Претпријатие што ја обезбедува водната услуга, а не за секторот води.
Како главна цел на овој закон е да се обезбеди воспоставување на финансиски самоодржлив систем на водни услуги, кој обезбедува висок стандард на дадените услуги со пристапна цена во согласност со целите на Националната стратегија за води на Република Македонија и плановите за управување со подрачје на речен слив.
Посебните цели на овој закон се:
- да се обезбеди водните услуги да се финансиски достапни за населението, а вкупната цена на водните услуги за просечно домаќинство да биде достапна имајќи го во предвид вкупните приходи по домаќинства во подрачејто во кое се обезбедува водната услуга;
- да се обезбеди одржливо користење на инфраструктурата за вршење на водните услуги, со крајна цел постигнување на целосен поврат на трошоците;
- да се подобри квалитетот наводните услуги со цел да се обезбеди непречено давање на услуги согласно најдобрите практики;
- да се озбезбеди постепена, а како крајна цел целосна, примена на начелото на загадувачот плаќа, корисникот плаќа и начелото на трошоци на ресурсот согласно Законот за водите и
- да се подобри ефикасноста на водните услуги, со крајна цел обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги со најмалку трошоци.
Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА