Правдико

   

Предложен е новиот текст на Законот за урбанистичко планирање

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со постојниот Закон за просторно и урбанистичко планирање се уредуваат условите и системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите на планска документација и постапката за изработување и донесување на истата како и други прашања од областа на просторното и урбанистичкото планирање.

Во Законот за просторно и урбанистичко планирање по направената анализа утврдени се одредени недостатоци и слабости во пропишаните законски решенија во различни сегменти од просторното и урбанистичко планирање, поради што се појави потреба од изработка на нов предлог на Закон за урбанистичко планирање.

Со цел да се спречи намалување на јавниот интерес во планирањето, стручноста, експертноста и знаењето, граѓанската инклузивност и партиципативност и смислата на планирањето и контролата на просторниот развој, се појави потреба од предложување на нови законски решенија во оваа област.

Со новиот Предлог-законот за урбанистичко планирање се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, надзорот над спроведувањето на одредбите на законот, како и други работи од областа на урбанистичкото планирање, се со цел уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби.

Со Предлог-законот, се предлага на нов современ, стручен и европски ориентиран начин да се уреди материјата на урбанистичкото планирање и да се овозможи просторниот и економскиот развој и широката партиципативност во истиот да бидат единствената прифатлива опција за решавање на проблемот.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико