Предложен е Закон за Академијата за наставници | Правдико

Правдико

   

Предложен е Закон за Академијата за наставници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Целта на предлог законот е да се да се овозможи  стручно усовршување на идните наставници и усовршување и обука за професионално, стручно и ефикасно извршување на работните задачи на идните наставници.

Во првата глава од Предлог законот  се утврдува предметот на уредување на овој Предлог закон, односно основањето, седиштето и дејноста на Академијата за наставници.

Во втората глава се уредуваат Органите на Академијата за наставници, односно Управниот одбор, Директорот и Програмскиот совет на Академијата.

Третата глава се однесува на предавачите на Академијата за наставници.

Четвртата глава ја обработува службата за административно-технички работи на академијата.

Петтата глава се однесува на финансирањето и средствата за работа на академијата.

Шестата глава ја објаснува програмата за обука која претставува организирано стекнување и усовршување на практичните и теоретските знаења и вештини потребни за независно, самостојно, стручно и ефикасно вршење на работата, начелата за прием во самата обука, основните цели, принципи и јавен оглас за прием во програмата за обука, приемниот испит, комисијата за приемен испит и правото на стипендија.

Седмата глава се однесува на завршниот испит и начинот на неговото спроведување.

Осмата глава ја обработува Лиценцата за наставник, односно начинот на нејзиното издавање и причините и начинот за нејзино одземање.

Деветата глава зборува за специјализираните обуки како и тоа дека начинот и постапката за организирање и спроведување на специјализираната обука за стекнување со лиценца за наставниците кои се во работен однос го пропишува министерот, по предлог на Академијата, Бирото за развој на образованието и центарот за стручно образование и обука.

Десетата глава се однесува на Регистарот за лиценцирани наставници и неговата содржина.

Последната единаесета глава ги опфаќа Преодните и завршните одредби на овој Предлог закон.

Целиот текст на Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико