Предложен е Закон за докторска дејност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Предлог- закон ќе се уредат условите, организација и начинот на вршењето на докторската дејност, правта и должностите на докторите на медицина, контрола на докторската дејност, вреднување на докторскиот труд, лиценца за работа на докторот на медицина, издавање, продолжување, престанок или за одземање на лиценца за вршење на докторска дејност од соодветна област на медицината, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Докторската комора на Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на докторската дејност.
Миграцијата на здравствениот кадар, конкретно на лекарите од земјите од Западен Балкан во развиените западноевропски држави, е во подем. Најпосакувани дестинации за лекарите се Австрија, Германија, Швајцарија, Франција, и скандинавските земји.
Поради овој тренд Македонија се соочува со загуба на докторски кадар кој ќе се одрази негативно врз самиот здравствен систем, како што ќе се пензионираат возразните лекари, а младите лекари се отселуваат посебно помалите градови ќе останат без лекари а со тоа настанува дефицит од медицински кадар со што и здравствениот систем на целата држава сериозно ќе се наруши .
Со ставање во законска рамка на прашањата за регулирање на докторската дејност, настанатата ситуација на одлив на медицински кадар ќе се намали и проблемот на иселување на квалитетен кадар од Македонија ќе се решат преку подобрување и обезбедување на поволни можностите за професионален развој и подобар живот за докторскиот кадар.
Осовна цел за донесување на законот е да се спречи заминувањето стручен медицински персонал од Македонија, особено на најдобрите студенти од државните факултети и законска регулација со цел задржување на нашите доктори во Република Македонија и спречување на нивиот одлив во земјите низ
светот.
Предлог законот можете да го погледнете ТУКА