Правдико

   

Предложен е Закон за издавачка дејност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

o-BOOK-PUBLISHING-facebookПред донесувањето на Законот за културата во 1998 година, издаваштвото во Република Македонија беше регулирано со Закон за издавачката дејност донесен во 1973 година, со кој издаваштвото беше регулирано како дејност од посебен општествен интерес. Со влегувањето во сила на Законот за културата во 1998 година, со кој како системски закон во сферата на културата се регулираат односите на јавните и приватните субјекти во вршењето на дејностите во културата, вклучувајќи ја и издавачката дејност, како дел од дејностите за објавување на творештвото, Законот за издавачка дејност („Службен  весник на СРМ“ бр. 15/73, 9/78 и 51/88 и „Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/93 и 54/95) престана да важи.

Поимот издаваштво, во основа го опфаќа производството и дистрибуцијата на публикациите.

Издавачката дејност и издаваштвото воопшто во своите наjосновни темели ја содржат моќта на обединување на сите уметнички и творечки дела кои на најсоодветен начин би биле претставени во печатена или електронска форма. Имено самото уметничко и научно творештво ги има своите облици за претставување и изразување, но единствено преку издаваштвото сите тие облици можат да бидат претставени во печатена форма и тоа не само до  творците од сите дејности, туку и до најшироката публика. Самата читателска публика во своето битие и општествено опстојување преку издавањето на публикации го добива очекуваниот облик на културата во едно време на  динамично живеење во 21 век.

Со законот ќе се дефинираат поимите: издавачка дејност, публикација, електронска публикација, издавач, печатница, задолжителен примерок, издание, ново издание, ISBN – меѓународен стандарден број за книги (international standard book number), ISSN – меѓународен стандарден број за периодични публикации и континуирани извори (international standard serial number), ISMN – меѓународен стандарден број за музички нотни изданија (international standard music number), ISRC – меѓународен стандарден број за звучни снимки (записи) и  музички видео записи (international standard recording code), ISAN  – меѓународен стандарден број за аудио-визуелни дела и нивни верзии, ISWC – меѓународен стандарден број на музичко дело, DOI – меѓународен идентификатор на дигитални објекти/ електронски документи, кој може да се реализира преку Handle и Crossref  системите. HENDL.NET е систем за постојани линкови до дигитални објекти и Каталошкиот запис CIP.

Ќе се дефинира дека издавачка дејност вршат физички лица и правни лица регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија за вршење издавачка дејност.

Со цел да се подигне стручноста и компетентноста при издавањето на публикации, ќе се регулира дека издавачот мора да има уредник, кој е одговорен за целокупната издавачка продукција, како и за квалитетот на издадената публикација. Покрај уредникот, ќе се утврди дека издавачот може да има приредувач, рецензент, лектор, коректор, преведувач, ликовен и технички уредник.

Заради обезбедување заштита на правата на авторот, ќе се пропише обврска издавачот пред објавување на публикацијата, задолжително да склучува договор за регулирање на меѓусебни права и обврски со авторите кои учествуваат во изработката на публикацијата (автор, имател на авторско право, уредник, приредувач, преведувач, редактор, рецензент, лектор, коректор, ликовен и технички уредник и друго), а воедно ќе се утврдат и обврски кои издавачот е должен да ги изврши спрема авторот.

Со законот ќе се пропишат кои задолжителни податоци треба да ги содржи публикацијата и тоа:  податоци за издавачот/соиздавачот (назив и седиште), наслов на публикацијата и име и презиме/имиња и презимиња на авторот/авторите, носителот на авторското право, име и презиме на уредникот, преведувачот, приредувачот, илустраторот, лекторот и други,  назив и седиште на печатницата/произведувачот, место на издавање, година и број на изданието, број на периодичната публикација, при повторно издание, податоци за издавачот, место и година на објавување на првото издание, ознака С (copyright) со името на носителот на авторското право и годината на првото објавување, тиражот на публикацијата, CIP-запис  или идентификацискиот број на CIP-записот (за оние публикации кои подлежат на CIP-запис), меѓународни стандардни броеви за публикацијата (ISBN, ISSN, ISMN, ISRC, ISAN, ISWC, DOI, HENDL.NET).

Со законот ќе се утврди дека меѓународните стандардни броеви и Каталошкиот CIP запис на барање на издавачот ги издава Националната установа Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Доколку публикацијата не ги содржи утврдените и пропишани податоци, со законот ќе се утврди дека истата не смее да биде ставена во промет.

Заради заштита, чување и користење на публикациите, издавачот кој е регистриран во Република Македонија до Националната установа Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје доставува пет задолжителни примероци од публикациите кој ги издал како издавач или соиздавач.

Целта на предложениот Закон е пропишување нормативни основи за обезбедување услови за поддршка, поттикнување и развој на издавачката дејност во Република Македонија.

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико