Правдико

   

Предложен е Закон за издавање на вредносни бонови-ваучери

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_2Со Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери се предлага издавање на вредносни бонови за обезбедување на таблет компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои за прв пат се запишани во трета и четврта  година на студии  на високо образовните установи во Република Македонија, како и  за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која  година на студии  на високо образовните установи во Република Македонија. 

Со цел на студентите да им се овозможи полесен  начин да се стекнат со таблет компјутери со надворешна тастатура  како и тоа да се обезбедат со таблет компјутерите во текот  на студиската година се предлага донесување на законот по скратена постапка. Со овој закон се предлага  погореопишаните студенти да може да аплицираат за добивање на таблет компјутер доколку се редовно запишани за прв на   студиска година.

Потребата за скратување на роковите за разгледување и донесување на овој закон  произлегува и од тоа што средствата потребни за наплата на ваучерите се обезбедени во Буџетот за 2015 и 2016 година.

Предлогот за донесување на законот за издавање на вредносни бонови- ваучери се засновува врз следните цели и начела:

– поттикнување и помагање на научниот и технолошкиот развој на студентите кои потекнуваат од   семејства во кои вкупните месечни приходи  не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход

– помагање на студенти евидентирани како лица со посебни потреби

– директна стимулација (помош) на компаниите кои се дел од ИТ секторот

Целиот текст на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико