Предложен е Закон за јавнообвинителска служба | Правдико

Правдико

   

Предложен е Закон за јавнообвинителска служба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudstvo-31Со Законот за јавнообвинителска служба се заменуваат постоечките одредби од Законот за Јавното обвинителство (Службен весник на Република Македонија бр.150/2007, 11/2008)  во Одделот 7 (чл. 76- чл.87), кои се однесуваат на вработените во Советот на јавни обвинители на Република Македонија и во јавните обвинителства, проширувајќи го кругот на јавнообвинителските службеници и менувајќи го нивниот статус на државни службеници.

Законот дефинира дека  јавнообвинителски  службеник е лице кое во Советот на јавни обвинители на Република Македонија и во јавните обвинителства врши стручни, административно-технички, извршни, статистички и материјално-финансиски работи,  вклучувајќи ги и лицата кои вршат стручни работи поврзани со следење, откривање и истражување на криминалитетот како и јавнообвинителската полиција која ги обезбедува објектите, имотот и лицата и го одржува редот во јавните обвинителства.

Правата, обврските, одговорностите, како и платата на вработените во јавното обвинителство, кои имаат статус на државни службеници, се уредени со Законот за државните службеници.

Со оглед на специфичниот статус, предложениот закон за прв пат ја уредува оваа материја конкретно имајќи го во предвид специфичниот карактер на работите и работните задачи кои ги извршуваат.

 

Целиот Предлог Закон можете да го превземите ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико