Предложен е Закон за остварување право на пензија за работниците во рударството | Правдико

Правдико

   

Предложен е Закон за остварување право на пензија за работниците во рударството

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување  во Република Македонија се уредува правото од пензиско и инвалидско осигурување односно задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, опфатот на осигуреници, правата кои се остваруваат од ова осигурување, матичната евиденција на осигурениците и корисниците на права од пензиското и инвалидското осигурување, основите на капиталното финансирано пензиско осигурување, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Институтот стаж на осигурување што се смета со зголемено траење (бенефициран стаж), во системот на пензиското и инвалидското осигурување има значителна функција на социјална сигурност. Стажот на осигурување што се смета со зголемено траење се утврдува за осигурениците кои ги извршуваат своите работни задачи на особено тешки и по здравјето штетни работни места, специфични занимања, или се наоѓаат во специјални служби за чие извршување треба да поседуваат посебни психофизички својства, кои со наполнувањето на определени години живот опаѓаат односно се губат во толкава мера што доведува работата да не може со успех да се извршува.

Со извршувањето на работите на работните места во подземен коп пoстојат позначителни штетни влијанија врз здравствената состојба и врз работната способност на работниците, и покрај тоа што се применети сите општи и посебни заштитни мерки утврдени со прописите, како и другите мерки што можат да влијаат врз остварувањето и намалувањето на штетните влијанија Имено физиолошките фунцкии на организмот со текот на времето опаѓаат со што работникот не е во можност да ги изрушува успешно и продуктивно истите работни обврски и задачи како и претходно. Можноста за намалување на годините на изминат работен стаж овозможува оваа категорија да го оставри правото на старсна пензија порано, а со тоа се отвараат и нови работни места за вравотување на млад кадар. Овие работни задачи се особено тешки и штетни по здравјето на осигурениците кои работат на овие работни места по наполнувањето на определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност.

Основна цел на предлог Законот е намалување на старосната граница на пензионирање на лица кои работат на овие работни места.  Ова особено се однесува на рударите кои работат на работни места и своите работни задачи ги изведуваат под земја. Експлоатацијата на рудата е една од најтешките и најопасните дејности. Честите несреќи во рударството можат да бидат предизвикани со експлозии на мини или на гасови, лизгање на теренот, од електрична струја и др. Исто така, работите се изведуваат и под земја, на тесен простор, кој го ограничува нормалното движење и работење.

Извршителите на овие работни места постојано се изложени на штетно дејство на правот што се создава при копањето на рудата, нејзиниот транспорт, дробењето и фината доработка. Извршителите на овие работни места постојано се изложени на јака бучава и вибрации, што предизвикува поголема емоционална напнатост, вознемиреност и нервоза. Овие работни задачи се особено тешки и штетни по здравјето на осигурениците кои работат на овие работни места па после наполнувањето на определени години на живот не можат со успех да ја вршат својата професионална дејност.

Имајќи го предвид фактот дека работниците од рударската дејност работат на специфични и тешки работи поради што имаат и стаж на осигурување со зголемено тарење, потребно е остварувањето на правото на старосна пензија да им биде уредено под поинакви услови соодветни на специфичната дејност, во посебен закон.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико