Предложен е Закон за ратификација на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка | Правдико

Правдико

   

Предложен е Закон за ратификација на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eu_2203429bКонвенцијата меѓу Европската економска заедница, Република Австрија, Република Финска, Република Исланд, Кралството Норвешка, Кралството Шведска и Швајцарската конфедерација за заедничка транзитна постапка е склучена во Интерлакен на 20 мај 1987 година. Заедно со оваа Конвенција. на ист датум, склучена е и Конвенцијата меѓу Европската економска заедница, Република Австрија, Република Финска, Република Исланд, Кралството Норвешка. Кралството Шведска и Швајцарската конфедерација за поедноставување на формалностите при трговија со стока.

По проширувањата на Европската унија во 1995 и 2004 година. денес, држави договорни страни се државите членки на Европската унија и ЕФТА државите (Исланд, Лихтенштајн. Норвешка и Швајцарија) двете конвенции имаат за цел да го олеснат увозот, извозот и транзитот на стока мегу државите членки на Европската унија и ЕФТА државите, но истовремено и помеѓу ЕФТА државите, за сите видови на
транспорт (поединечен и комбиниран).

Предметната Конвенција ги определува мерките за транзитната постапка која се користи за движење на стока помеѓу сите 28 држави членки на ЕУ и 4 држави членки на ЕФТА, како и помегу самите држави
членки на ЕФТА, без оглед на видот и потеклото на стоката. За правилна примена на одредбите од Конвенцијата. согласно членовите 14 и 15 од Конвенцијата, формирана е Мешовита комисија во која
сите држави кои го користат заедничкиот транзит се претставени од страна на директорите на царинските администрации.

Поради огромните придобивки од примената на заедничкиот транзит, земјите со кандидатски статус во процесот на пристапување кон ЕУ, своите иницијативи за членство во конвенциите вообичаено ги поднесуваат во раната фаза од процесот на пристапување кон ЕУ. Стратешката определба на Република Македонија за членство во Европската унија ја имплицира потребата од хармонизација на националист законодавство со меѓународните стандарди и препораки, како и со законодавството на ЕУ и нејзините држави-членки во областа на царинското работење.

Транзитната постапка има исклучително значење за Европската Унија, особено ако се има предвид фактот дека ЕУ претставува единствено царинско подрачје кое го сочинуваат повеќе национални фискални
подрачја. Со транзитната постапка се обезбедува единствено движење на стоката во рамките на ЕУ, од една влезна точка до местото на завршување на транзитиата постапка, без разлика на тоа низ колку држави треба да транзитира. По завршувањето на транзитната постапка, се завршуваат царинските и локалните фискални обврски и за стоката се дозволува наредна царинска постапка, на пример, пуштање во слободен промет.

Постапката на заеднички транзит обезбедува привремена суспензија на царинските и акцизните давачки, данокот на додадена вредност и другите давачки кои се наплаќаат за стока при увоз, од влезната до одредишната царинска испостава низ сите земји во кои се спроведува заедничкиот транзит. За економските оператори, оваа постапка претставува олеснување при движењето на стоката од една до друга држава-договорна страна, бидејќи овозможува административно поедноставување и намалување на трошоците при движењето на стока преку царинските подрачја.

Македонската верзија на конвенцијата можете да ја превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико