Предложен е Закон за вршење на работи за застапување во царинските постапки | Правдико

Правдико

   

Предложен е Закон за вршење на работи за застапување во царинските постапки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Предлогот на Закон е подготвен врз основа на утврдената состојба дека постојните одредби од Царинскиот закон недоволно јасно и ефикасно ја уредуваат правната материја поврзана со вршењето на работи на застапување во царинските постапки и утврдената потреба оваа материја да биде уредена со посебен закон.

За состојбата во областа на вршењето на работи на застапување во царинските постапки, Царинската управа до Владата на Република Македонија достави Информација за начинот на застапување во царинските постапки и критериумите за издавање на одобренија и лиценци со анализа на системите за пристап кон царинското застапување во ЕУ, која беше разгледана и усвоена на Деветтата седница одржана на 14.07.2014 година, при што е донесен заклучок оваа материја да биде регулирана со посебен закон со кој ќе се дефинира статусот на царински застапник и лиценциран застапник, Царинската управа ќе се определи како надлежен орган за издавање на лиценци за застапување во царинските постапки, ќе се пропише начинот и условите за добивање и укинување на одобрение и лиценца за застапување во царинските постапки, ќе се дефинираат правата и обврските на царинските застапници, ќе се предвиди задолжителна проверка на знаењето на лиценцираните застапници и ќе се определат казнени одредби.

Текстот на Нацрт законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико