Правдико

   

Предложен НОВ Закон за градежно земјиште

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

construction-hard-hatСо Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 17/11, 53/11, 25/13, 137/13 и 163/13) се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.

Владата на Република Македонија во својата програма за работа за 2014-2018 година предвиде реализација на проект за овозможување на склучување на купопродажни договори за недвижности по електронски пат. Со цел реализација на проектот потребно е истото да се даде законска можност во Законот за градежно земјиште, каде што ќе се предвиди постапката за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија да се спроведува по електронски пат, како и склучувањето на договорите за отуѓување на градежно земјиште.

Исто така, согласно Законот за катастар на недвижности, судовите, министерствата, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, нотарите, извршителите и сите други субјекти со пренесени јавни овластувања, сите исправи кои содржат правен основ врз основа на кој се врши запишување во катастарот на недвижостите, заедно со пријавите за запишување и доказот за платен надоместок, се должни по електронски пат да ги доставуваат до Агенцијата. Поради потребата од усогласување со Законот за катастар на недвижности, се предлага посебна глава во Законот за градежно земјиште за запишување на правата на недвижностите.

Во делот на вршење на надзорот на спроведување на одредбите од Законот за градежно земјиште, се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор.

Целта на предложениот Законот за градежно земјиште е создавање неопходни законски претпоставки за водење на постапките за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република македонија и склучување на договори за отуѓување на градежно земјиште по електронски пат.

Законот чие донесување се предлага се засновува врз следните начела:

-гарантирање на правото на сопственост и нејзина правна заштита,

-создавање права и обврски кои служат за доброто на поединецот и заедницата,

-разграничување на правата врз градежното земјиште од правата врз објектот, воспоставување на профитабилни односи во областа на градежното земјиште,

-транспарентност при отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и

– ефикасност на постапките за отуѓување на градежното земјиште.

Нацрт текстот на предлог законот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико