Предложен НОВ Закон за занаетчиство | Правдико

Правдико

   

Предложен НОВ Закон за занаетчиство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

zanaetciiПостојат неколку причини од кои произлезе потребата за носење на нова регулатива за вршење на занаетчиската дејност, а се однесуваат на недоволно прецизирање на одредбите во постоечкиот закон, неефикасно функционирање на системот „регионални занаетчиски комори“ како и нефункционалност на системот на образованието кај занаетчиите во делот на мајсторски испит и основањето на центрите за обука.

Постоечкиот систем на регионално коморско здружување на занаетчиите е неефикасен бидејќи постои недоволен просторен и административен капацитет во регионалните комори за спроведување на обуки на занаетчиите, развој на занаетчиството и нивна соодветна поддршка. Досегашното искуство покажува дека недостасува координацијата и соработката помеѓу регионалните комори и ЗКРМ, не се одржуваат заеднички средби на кој би се разменувале искуства и би се креирале планови за соработка и развој.

Исто така не се пројавени заеднички иницијативи на коморите за подобрување на нивната работата и взаемна соработка како и заедничко аплицирање на проекти за искористување на достапните фондови. Со ова Владата нема на располагање соодветен социјален партнер за соработка со кој ќе може заедно да ги креира политиките за развој на оваа гранка.

Законот чие донесување се предлага се засновува врз основа на следните цели:

– подобрување на регулативата,

– воведување на електронски регистар за занаетчии како централна база на податоци за занаетчии,

– воведување на занаетчиска дозвола

– воведување на чиракувањето

Нацрт Законот за занаетчиство можете да го превземите ТУКА

 

 

 

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико