Предложен новиот Закон за за приватните агенции за вработување | Правдико

Правдико

   

Предложен новиот Закон за за приватните агенции за вработување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основањето и функционирањето на двата типа на приватни агенции за вработување, агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство и агенциите за привремени вработувања, беше уредено со два посебни закони: со Законот за агенциите за привремени вработувања и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Ваквото уредување на материја којашто, по својата суштина, е многу слична, честопати доведуваше до забуна и правна несигурност кај потенцијалните кандидати и основачи на агенции.

Дополнително, постојната ситуација со која начинот на основање и функционирање на агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство, беше уреден со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, беше надвор од целта на донесувањето и уредувањето на овој закон и не беше во духот на вработување и осигурување во случај на невработеност.

Во 2012 година Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за приватните агенции за вработување, 1997 (С 181) на Меѓународната организација на трудот и истата стана дел од внатрешниот правен систем на државата. И во Конвенцијата, на едно место е уредено функционирањето на агенциите за привремени вработувања и агенциите за посредување.

Од погоре наведените причини и следејќи го примерот на споменатиот трудов стандард, а имајќи ја предвид важноста на флексибилноста во пазарот на труд и препознавајќи ја улогата што приватните агенции за вработување можат да ја играат на овој пазар, како и имајќи ја предвид потребата за заштита на работниците, вработени преку приватните агенции за вработување, од можни злоупотреби, се пристапи кон донесување на нов закон.

Со Предлог-законот за приватните агенции за вработување, ќе се овозможи ефективно и ефикасно работење на приватните агенции за вработување со лиценца за посредување и приватните агенции со лиценца за привремени вработувања, како и ефективен надзор над примената на одредбите на овој закон од страна на органот на државната управа, надлежен за работите од областа на трудот и инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико