Предложен притвор за битолчанецот кој го уби поранешниот зет бранејќи ја својата ќерка | Правдико

Правдико

   

Предложен притвор за битолчанецот кој го уби поранешниот зет бранејќи ја својата ќерка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Битолчанец вчера со пиштол го уби својот поранешен зет, откако тој насила влегол во неговиот дом во Битола и со нож ѝ се заканувал на поранешната сопруга.

Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрела, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.

По настанот, јавен обвинител изврши увид и издаде наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување снимки од видеонадзор на објектот.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против битолчанецот за сторено кривично дело убиство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.​​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико