Предложен притвор за двајца осомничени за недозволена трговија со дрога во Гостивар | Правдико

Правдико

   

Предложен притвор за двајца осомничени за недозволена трговија со дрога во Гостивар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените, 29-годишен гостиварец и 23-годишна жителка на гостиварското село Равен,  биле запрени на 21 јуни во селото Дебреше, додека заедно се превезувале со автомобил Фолксваген голф. При личен преглед, во раката на осомничениот биле пронајдени 3,42 грама марихуана, додека осомничената скриена во облеката носела полиетиленска ќеса со уште 19,25 грама марихуана. Дополнително помало количество марихуана било пронајдено и во домот на првоосомничениот во Гостивар.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.​

Партнери на Правдико