Предложен Закон за користење на податоцте од јавниот сектор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во предлогот на Законот за користење на податоците од јавниот сектор се врши усогласување со Директивата 2003/98/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот за повторно користење на информациите од јавниот сектор и Директивата 2013/37/EУ на Европскиот парламент и на Советот за изменување на Директивата 2003/98/EЗ за повторна употреба на информациите од јавниот сектор.
Република Македонија воедно се приклучи и кон глобалната инцијатива за Отворено владино партнерство во 2011 година, каде еден од основните приоритети се отворените податоци (open data), односно искористувањето на податоците кои ги создаваат институциите и органите на јавниот сектор.
Отворените податоци од јавниот сектор се сметаат за суровина со чие обработување приватниот сектор генерираа иновации, нови содржини, информации, апликации и услуги. На ниво на Европска унија се проценува дека вкупната вредност на податоците кои ги имаат органите и институциите на јавниот сектор е 32 билиони евра.
Во Република Македонија постои законска рамка која го дефинира пристапот до информации (Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер), но најчесто ова право се користи за пристап до некакви документи или преписи од предмети, кои немаат употребна вредност за друга намена освен за онаа за која биле дадени. Ведно начинот на кој овие документи се даваат (хартија копија, pdf документ) не е форма во која податоците содржани во информациите од јавен карактер би можеле да се користат за натамошна обработка или друга намена од странана приватниот сектор.
Но затоа, податоците објавени во необработена форма која е разбирлива за компјутерите односно достапна за понатамошна обработка имаат голема додатна вредност. Оттука, самите институции и органи од јавниот сектор треба самостојно, без тоа да биде на барање на граѓаните, да ги објават и да овозможат користење на податоците кои ги создаваат во текот на своето работење остварувајќи ги своите законски должности. Идејата на глобалнана инцијатива за отворените податоци се темели на тоа дека институциите создаваат податоци и информации кои служат за исполнување нивните законски должности, но приватниот сектор може овие податоци да ги користи за други цели односно да создава свои бизнис модели преку создавање нови содржини и услуги користејќи ги податоците на органите и институциите од јавниот сектор.
Со предложениот закон се утврдува обврската на органите и институциите на јавниот сектор јавно да ги објавуваат на податоците кои ги создаваат во остварувањето на своите надлежности согласно закон, со цел да овозможат користење на тие податоци од страна на правни или физички лица за создавање нови информации, содржини, апликации или услуги. Предложениот закон утврдува кои се тие податоци кои можат да бидат објавени за користење и кои се соодветните формати за истите да имаат употребна вредност (отворени податоци).
Целиот текст на Предлог Законот можете да го превземите ТУКА