Предложен закон за основање на нов универзитет “Дамјан Груев” во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир “Дамјан Груев” во Скопје, се основа нов државен универзитет од областа на националната одбрана, безбедност и мир во Република Македонија.
Целта на предложеното законско решение е задоволување на потребите од високостручни кадри од полето на националната одбрана, безбедност и мир, како и создавање на кадри за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Универзитетот се основа со следните високообразовни единици во негов состав:
1. Воена академија за копнена војска “Генерал Михаило Апостолски”;
2. Воздухопловна академија “8-ми Септември”;
3. Факултет за безбедност “Никола Петров Русински”;
4. Mедицински факултет “Др. Христо Татарчев”;
5. Факултет за мировни студии и кризен менаџмент “Пере Тошев”;
6. Правен факултет “Павел Шатев”;
7. Институт за командни и штабни функции и лидерство “Тодор Александров” и
8. Институт за информатички технологии и сајбер безбедност.
Предлог законот можете да го превземете ТУКА