Предложен Закон за трговија на зелените пазари | Правдико

Правдико

   

Предложен Закон за трговија на зелените пазари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бит_пазарПричина за донесување на предложениот Закон за трговија на зелените пазари е потребата  да се регулира статусот на лицата кои вршат трговија на зелените пазари, да се дефинираат условите, начинот и постапката за вршење на трговија на зелените пазари, т.е. потребата за воспоставување на правна законска рамка одделни активности  кои досега се вршеа на зелените пазари од страна на пазарџиите и беа дел од сивата економија, нелегалната  трговија и нелојалната  конкуренција  да се стават во правна рамка  и законски да се уреди предметната  област.

Основните решенија на предлог законот содржат решенија  кои се однесуваат на уредување на условите, начинот и постапката  на вршење трговија на зелените пазари,воспоставување поедноставена постапка на регистрација, прецизирање на обврската за плаќање согласно прописите за даноци .

Проблемот се појавува поради фактот што голем дел од субјектите кои се присутни на зелените пазари не се регистрирани и се дел од сивата економија.

Основни цел на овој закон е да се овозможи преку воспоставување на правна  законска рамка да се подобри статусот на оваа категорија на  трговци на зелените пазари и да се постигне одреден напредок во сузбивање на сивата  економија, нелојалната   конкуренција и нелегалната  трговија  како и да се регулира работниот статус на оваа категорија трговци на зелените пазари, согласно постоечкото законодавство во областа на работнте односи.

 

Целиот текст на Предлог Законот за трговија на зелени пазари можете да го превземите ТУКА

Партнери на Правдико