Правдико

   

Предложен закон за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

organi-za-transplantacija-640x310Во Република Македонија трансплантацијата е се уште релативно неразвиена гранка од медицината. Бројот на болните од хронична бубрежна инсуфиенција се зголемува секоја година за околу 250 нови случаи. Притоа, на ниво на Република Македонија годишно на дијализа одат околу 1.500 пациенти. Бројот на трансплантираните болни во државата е околу 12-13% од вкупните дијализни болни (преку 1.500), што е неспоредливо помалку во однос на развиените земји каде овој процент наближува до 50%.

Благодарение на донесувањето на законската регулатива за трансплантација на органи и ткива во Република Македонија, како и измените и дополнувањата на Законот за пресадување на делови од човековото тело заради лекување од 2012, 2013, 2014 и 2015 година од страна на Владата на Република Македонија создадени се поволности за понатамошен развој на трансплантацијата во Република Македонија. Во текот на 2014 година направени се напори за повторно заживување на кадаверичната трансплантација и извршени се 12 трансплантации на бубрези од донори со констатирана мозочна смрт (6 донори), додека во 2015 година заклучно до септември 2015 година направени се 3 кадаверични трансплантации на бубрези (2 донори).

И покрај извршените трансплантации во 2014 година и 2015 година, овај број е релативно мал. Постојат многу фактори кои влијаат на неуспешноста на оваа мултидисциплинарна дејност која што бара голема организација и посветеност. За оваа цел потребно е да се направат радикални промени во сите аспекти на трансплантацијата како што се: организациската поставеност, едукација на кадар, опрема, основање на центар за трансплантација и зголемување на јавната свест за органодарителство. За надминување на сегашните предизвици со кои се соочува трансплантацијата во Република Македонија, Министерството за здравство изработи акциски план за надминување на овие предизвици и предлага решенија кои ќе придонесат за подобрување на моменталната состојба како и континуиран развој на трансплантацијата.

Целта на овој Предлог – закон е создавање на услови за вршење на трансплантација и сложени хируршки интервенции во Центар за извонредност и во тој контекст основање на Универзитетска клиника за трансплантациона медицина и хируршки болести како центар за извонредност и негова работа.

Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико