Предложен Закон за услуги
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Трговијата со услуги вообичаено е предмет на поголема регулаторна контрола што придонесува да се ограничи нејзиниот развој. Постоењето на неоправдани и несразмерни на целта административни пречки за започнување на економска активност и за вршење услужни дејности иницираше потреба од донесување на општа правна рамка во услужниот сектор со истовремено усогласување со Директивата за услуги на внатрешниот пазар на ЕУ 2006/123/ЕЗ (Директива за услуги).
Со нејзина имплементација во законодавството на Република Македонија ќе се обезбеди непречено движење на услугите преку следните елементи: отстранување на законските и административните ограничувања за вршење услужни дејности, воспоставување на едно место преку кое вршителите на услужни дејности можат да поднесат барања за неопходните постапки за дозволи по електронски пат, унапредување на соработката помеѓу регулаторите од одделни земји и подобрување на квалитетот на услугите.
Целта на предложениот Закон за услуги е да се изврши усогласување со Директивата 2006/123/ЕЗ преку транспонирање на општите правила на директивата и ќе се овозможи отстранување на пречките за слободата на основање и давање на услуги. Со предложените решенија ќе се обезбеди правна сигурност како на давателите на услуги, така и на корисниците на услуги.
Со Предлогот на Закон ќе се утврди општата правна рамка за широка разновидност на услуги, при што се земаат предвид различните карактеристики на секој вид дејност или професија и нејзиниот систем на регулирање. Таа рамка се темели на динамичен и на селективен пристап, кој е составен од отстранување, како приоритетно прашање, на пречките кои можат брзо да се отстранат, а за другите, почнување процес на дополнително усогласување на одделни специфични прашања со барањата на директивата. Овој процес треба да овозможи прогресивна и координирана модернизација на националниот регулаторен систем за услужни дејности, што е од витално значење за да се овозможи Република Македонија да стане дел од единствениот пазар на услуги во ЕУ.
Со предложениот Закон ќе се обезбеди слободата на правото на основање врз основа на принципот на еднаков третман, кој повлекува забрана не само за секаков вид дискриминација по основ на националност, туку и за секаков вид индиректна дискриминација која се темели на други основи, но може да постигне ист резултат.
Целосниот текст на нацрт законот можете да го превземите ТУКА