Предложен Закон за установите за средно образование на верските заедници | Правдико

Правдико

   

Предложен Закон за установите за средно образование на верските заедници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тргнувајќи од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, во Уставот во делот кој се однесува на граѓанските и политички слободи и права, утврдено е дека граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Граѓаните исто така се еднакви пред Уставот и законите. Со Уставот се гарантира слободата на уверувањето, слободата на вероисповеста и се гарантира слободното и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Во однос на економските, социјалните и културните права, со членот 44 од Уставот е утврдено дека секој има право на образование кое е достапно на секого под еднакви услови и дека основното образование е задолжително и бесплатно.

Во членот 45 од Уставот, е определено дека граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат
приватни образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование. Од сите овие уставни одредби произлегува дека сите граѓани се еднакви во слободите и правата, на секој му е загарантирано слободно изразување на верата,како и тоа дека верските заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.

Република Северна Македонија согласно важечките позитивни прописи дозволува основањето на верски училишта и други социјални и добротворни установи. Во моментот во нашата држава функционираат две средни училишта основани од верски заедници Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и Средното исламско училиште „Иса Бег Медреса“ во Скопје во кои се образуваат ученици според наставни планови и програми донесени од основачите на овие две училишта Православната верска заедница, односно Исламската верска заедница.

Верските организации согласно закон не можат да основаат верски основни училишта, но, имаaт можност за основање на училишта за средно и повисоко ниво на образование. Верските средни училишта имат сопствена наставна програма за која не постои обврска за одобрување од Министерството за образование. Учениците во верските средни училишта немаат обврска да полагаат државна матура заради што и не можат да го продолжат своето високо образование на голем дел од универзитетите во нашата држава и во странство.

Заради оваа правна недоследност која со години ги ускратува учениците од овие училишта да можат да го остварат правото на образование под еднакви услови како другите ученици кои се опфатени во системот на функционирање на средното образование, се наметнува потребата од законска регулација на оваа прашање кое ќе ја гарантира еднаквоста во целокупниот образовен процес.

Имајќи ги во предвид аргументите од постојната регулација на ова прашање кои не одат во прилог на еднаквоста на правото на образование под исти законски услови за сите граѓани, се доаѓа до основата и на проблемот, а тоа е дека заради основањето на овие две средни училишта од верски заедници кои се одвоени од државата, државата им ја ускратила можноста на учениците да ги остварат истите права со останатите останатите ученици и училишта од средното образование кои им ги гарантира Законот за средното образование.

Имено иако црквата, верската заедница и религиозната група имаат право да основаат верски образовни установи од сите степени на образование, освен од основното образование, за школување на свештени лица и верски службеници и дека верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи, сепак во образовниот процес во пракса на учениците од две средни училишта основани од верски заедници Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и Средното исламско училиште „Иса Бег Медреса“ во Скопје, дел од правата кои произлегуваат од Законот за средното образование со години им се ускратуваат и државата по однос на истите нема законска регулација за решавање на оваа состојба.

Заради изнаоѓање на правен основ за уредување на оваа состојба која е детектирана и во меѓународните извештаи за верските слободи и права во нашата држава, а се со цел оваа категорија на граѓани да биде вметната во системот на средно образование се предлага ова прашање да се уреди како што е предвидено со овој Предлог закон.

Целосниот текст на предлог законот можете да го преземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико