Предложен Законот за финансиска дисциплина | Правдико

Правдико

   

Предложен Законот за финансиска дисциплина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

financial-solutionСо предложениот Закон за финансиска дисциплина ќе бидат утврдени роковите во кои ќе се подмируваат обврските помеѓу приватните субјекти, но и помеѓу субјектите од приватниот и јавен сектор. Со ова ќе се воспостави законска рамка со фер правила на игра кои ќе бидат во прилог на субјектите од јавниот и приватниот сектор, најмногу за малите и средни претпријатија кои досега се соочуваа со проблеми во наплатата на меѓусебните побарувања. Со неговата примена ќе се подобри функционирање на пазарот, ликвидноста и оптималното работење на фирмите, што во крајна линија ќе ја зголеми и конкурентноста на македонските компании.

Со законот се предвидува во деловните трансакции помеѓу фирмите, рокот за исполнување на паричните обврски да не може да биде подолг од 60 дена. По исклучок, во трансакциите помеѓу економските оператори од приватниот сектор може да се предвиди рок подолг од 60 дена, но не подолг од 120 дена, доколку постои изречна писмена согласност од двете страни. Исто така во договорите помеѓу институции од јавниот сектор и фирмите рокот за исполнување на паричните обврски да не може да биде подолг од 60 дена, во случаите кога државните институции се јавуваат како должници.

Целиот Предлог-Закон за финансиска дисциплина можете да го превземите ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико