Предложен Законот за заштита и благосостојба на животните
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предлог Законот за заштита и благосостојба на животните има за цел да обезбеди заштита и благосостојба на животните и да ја доуреди областа на благосостојбата на животни кои до сега не беа предмет на уредување на постојниот закон. Со новиот Закон за заштита и благосостојба на животните ќе се постигне регулирање на благосостојбата на бројлери, односно живина за тов, регулирање на благосостојбата на експериментални животни, благосостојба на животните за време на колење, како и одредени одредби кои се однесуваат на домашните миленици.
Со овој закон се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, условите кои треба да ги исполнат кланиците во однос на заштита и благосостојба на животните при колење и убивање, заштита на домашни миленици, животни во зоолошки градини и животните кои се користат во експериментални или едукативни цели.
Целта на овој закон е да обезбеди:
1) животните да бидат третирани на начин кој е најсоодветен за нивните потреби;
2) лицата кои се одговорни за животните и ја штитат нивната благосостојба да обезбедат:
-животните да не се изложени на глад и жед;
-животните да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина која е соодветна за нивниот вид;
-животните да се заштитени од болка, повреда или болест;
-на животните да им е овозможено нормално однесување; и
-животните да не се изложени на страв и вознемиреност.
3) замена и намалување на користењето на животните во постапки и подобрување на условите за сместување нега и користење на животните во постапки и
4) ефикасен надзор и контрола на спроведување на одредбите на овој закон
Предлог законот може да го превземете ТУКА