Предложени измени во Изборниот законик | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Изборниот законик

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Изборниот законик се уредуваат изборите за претседател на Република Македонија, избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, за членови на советите на општините и Советот на градот
Скопје, за избор на градоначалник на општина и градоначалник на градот Скопје, начинот и постапката на евидентирање на избирачкото право, водење на Избирачкиот список, определување на границите на изборните единици и утврдувањето, менувањето и објавувањето на избирачките места, како и условите за функционирање на избирачките места.

При досегашната примена на Изборниот законик во пракса се појавија непрецизности и проблеми во примената на законските одредби кои се однесуваат на поднесување на финансиски извештаи како и надоместокот на трошоци за изборите. Потребата од ваквото законско решение е со предложените соодветни измени и дополнувања да се разрешат објективните околности кои постојат при примена на Законот.

Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик содржи четири членa. Во членот 1 се прави дистинкција на рокот за затворање на трансакциската сметка со назнака „ за изборна кампања “ за одржаниот избор за претседател на Република Македонија односно избор на пратеници во Собранието на Република Македонија рокот е 3 месеци а за одржаниот избор за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје, избор за градоначалник на општината и градоначалник на Градот Скопје е 9 месеци.

Со членот 2 се врши номотехничко доуредување на членот 85 став (1) од Изборниот законик во однос на предложената одредба на членот 1 од овој закон.

Во членот 3 уреден е рокот за исплаќањето на надоместокот на трошоците за парламентарни избори да остане 3 месеци за претседател на Република Македонија и избори на пратеници во Собранието на
Република Македонија, а избор за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје, избор за градоначалник на општината и градоначалник на Градот Скопје се зголемува на 9 месеци врз основа на
извештајот од Државната изборна комисија.

Во истиот член се регулира и дека надоместокот на трошоци за избори се определува со одлука на Собранието,советот на општината и на градот Скопје врз основа на претходно доставено барање за надоместок на трошоци за избори од учесникот во изборната кампања. Со членот 4 се уредува влегувањето во сила на законот.

Целиот текст на предлог законот можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико