Предложени измени во регулирањето на земјоделското земјиште | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во регулирањето на земјоделското земјиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360– Нови Предлог измени во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост кои предвидуваат овозможување предмет на продажба да биде и земјоделското земјиште во државна сопственост на кое се изградени оранжерии и објекти кои се во функција на оранжериите.

– Согласно заклучокот од Точка 121 од Сто деведесет и четвртата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 26.03.2014 година, кој се однесува на обврската на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да утврди законска основа за издавање на авионските снимки за соодветен финансиски надомест на приватни фирми, се појави потреба од изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој со одредби за доставување и користење на овие податоци. Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој ќе се уреди начинот на доставување и користење на географските податоци во сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– За Законот за замјоделско земјиште  се предлага нова постапка за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за површини поголеми од 10 хектари да се врши по пат на електронско јавно наддавање. Исто така се предлага заинтересираните лица (правни и физички) при  учествона јавен оглас да достават доказ за подмирени сите давачки кон државата.

Предлог законите можете да ги превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико