Правдико

   

Предложени измени во Царинскиот закон по скратена постапка

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во моментот на пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка на 1 јули 2015 година, Царинскиот закон (Сл.весник на РМ бр.39/05, 4/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15 и 23/16) во делот на одредбите за транзит беше целосно усогласен со одредбите на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година и нејзините измени и дополнувања.

Поради тоа што на 28 април 2016 година од страна на Мешовитата комисија на ЕУ-ЕФТА за заеднички транзит е донесена одлука за измена на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (оваа измена е ратификувана од страна на Република Македонија со Законот за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија) – „Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/16), се наметна потребата за одредени измени во Царинскиот закон.

Во оваа смисла, со овој Предлог-закон се предложени изменување на соодветните одредби од законот кои се однесуваат на употреба на гаранции за обезбедување на плаќање на царинскиот долг или други давачки кои можат да настанат во врска со стоката ставена во транзитна постапка, во насока на укинување на ограничувањето за изземање од обврската за поднесување на општа гаранција за стоки за кои се смета дека постои поголем ризик од измама. Исто така, со измените се предвидува  можноста за стоки за кои се утврдило дека биле предмет на измама од поголем обем, Владата на Република Македонија по предлог на Министерството за финансии да може привремено да забрани користење не само на општа гаранција, туку и забрана на користење на изземање од обврска за поднесување на општа гаранција. Со измените исто така се врши усогласување на условите за издавање на одбрение за користење на општа гаранција, со измените на условите за издавање на одобрение за овластен економски оператор.

Предложените измени на Царинскиот закон се неопходни со цел да се обезбеди законски основ за измените кои се предвидуваат во Уредбата за спроведување на Царинскиот закон со кои треба да избришат одредбите од член 221 со кој се определуваат стоките за кои постои поголем ризик од измама, како и бришење на другите одредби од уредбата кои се однесуваат за стоки со поголем ризик од измама. Измените во уредбата треба да се извршат заради прилагодување со соодветните измени во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.

Со овој предлог закон се предложени изменување и на соодветните одредби од законот кои се однесуваат на утврдување на краен рок за известување на должникот за долгот во случај кога царинскиот долг е последица на дејствие кое во моментот на извршување можело да резултира со кривична постапка.

Измените на одредбите кои се однесуваат на овластен економски оператор во суштина се однесуваат на натамошна хармонизација со законодавството на Европската унија, односно заменување на терминот уверенија со одобрение, укинување на третиот вид на одобрение ОЕО Ф, но давање можност за барател во исто време да ги поседува двата вида на одобренија ОЕО Ц и ОЕО С, како и воведување на два дополнителни услови кои треба да бидат исполнети за обивање на овој вид на одобрение.

Со предложените измени и дополнувања на прекршочните одредби на Царинскиот закон се врши допрецизирање на одредени повреди на материјалните одредби од законот како царински прекршок, а воедно се врши разграничување за кои конкретни царински прекршоци ќе се спроведе забрзана постапка со врачување на прекршочен платен налог, а за кои мандатен платен налог, поради усогласување со одредбите на Законот за Царинска управа и Законот за прекршоците.

Воедно, со предложените измени и дополнувања на прекршочните одредби од законот се предлага по барање на сторителот на прекршок за определен вид на стока предмет на прекршок од членот 263 на Царинскиот закон да не се одземе ако сторителот на прекршок се согласи веднаш да ја плати изречената глоба, како и да спроведе царинска постпка и ги плати увозните давачки.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико