Предложени измени во Законите за основно и средно образование
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со предлог измените во Законот за основното образование и Законот за средно образование се бара укинување на екстерното тестирање, бидејќи неколку годишното спроведување на екстерното тестирање покажа дека наместо да го подобри квалитетот на образованието, состојбите во образованието само се влошија. Причините за негово укинување се многубројни, но основните се дека со ова тестирање се оштетени и учениците и наставницитe стои во образложението на предлог измените.
Целта на овие предлог измени е екстерното тестирање целосно да се укине поради штетните последици кои ги предизвика во изминатите неколку години. Измените се засноваат на уставните начела како и истите начела на кои се заснова Законот за основното образование и Законот за средно образование .
Предвидените решенија со законот чие што донесување се предлага се во насока на создавање на услови за еднаквост на наставниците во извршување на нивната професија како и заштита на образовниот процес на учениците од лошите законски решенија.
Предлог измените за Законот за основното образование превземете ги ТУКА
Предлог измените за Законот за средно образование превземете ги ТУКА