Предложени измени во Законите за основно и средно образование | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законите за основно и средно образование

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie111Со Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование се врши изменување и дополнување на членот 97 од Законот за основното образование, во кој се регулира наградувањето на наставниците во основните училишта и нивниот кариерен напредок според резултатите од екстерната проверка на знаењата на учениците, како и изменување и дополнување на членовите 133, 172, 172-а, 172-б, 172-в и член 174-а, во кои износите на утврдените глоби се намалени. Во членот 8 предвидено е дека зголемувањето, односно намалувањето на платите на наставниците согласно доставениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година, нема да се применува.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование се врши изменување и дополнување на членот 70-a од Законот за средното образование, во кој се регулира наградувањето на наставниците во средните училишта и нивниот кариерен напредок според резултатите од екстерната проверка на знаењата на учениците, како и изменување и дополнување на членовите 93, 104, 109, 109-а, 109-б, 109-г и членот 110, во кои се намалуваат износите на утврдените глоби.

Воедно, се додава нов член 7 во кој е предвидено дека зголемувањето, односно намалувањето на платите на наставниците согласно објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година, нема да се применува.

Целиот текст на предлог измените за Законот за основното образование можете да го превземете ТУКА

Целиот текст на предлог измените за Законот за средното образование можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико