Предложени измени во Законите за основно, средно и високо образование | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законите за основно, средно и високо образование

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

student

До Собранието на Република Македонија се доставени предлог измени во Законите за основно, средно и високо образование. Во предлог измените стои:

Предлог измени во Законот за високото образование:

Со членот 1 се уредува дефиниција за меѓународни научни публикации во смисла на овој закон

Со членот 2, се уредува дека Владата на Република Македонија на предлог на Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика, со одлука го утврдува бројот на квоти за запишани студенти по студиски програми, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнина во рамки на државните квоти, односно во рамките на квотите со кофинансирање на студиите, а кои се од самохрани и еднородителски семејства. Исто така со овој член се уредува правото на редовен студент, кој по завршена втора студиска година на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи, и по положувањето на сите дотогашни испити, оствари просечна оценка над 8.5, да го продолжи своето студирање со плаќање на уписнина во висина како и студентите кои се запишале во рамките на државните квоти.

Со членот 3, се утврдува глоба за висообразовната установа која нема да му овозможи на редовен студент, кој по завршена втора студиска година на прв циклус на студии на јавните високообразовни установи, и по положувањето на сите дотогашни испити, оствари просечна оценка над 8.5, да го продолжи своето студирање со плаќање на уписнина во висина како и студентите кои се запишале во рамките на државните квоти согласно член 110-а, став 9

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Предлог измени во Законот за средното образование:

Со член 1 се допрецизира постапата за поднесување на барање за освоено прво место на натпревар на државно ниво.

Со членот 2 се воведува стимулативна мерка односно парична награда за средношколците кои ќе освојат златен, сребрен или бронзен медал на една од 13-те меѓународни научни олимпијади која ќе се исплаќа месечно во период од 12 месеци. Парична награда е предвидена и за наставникот к ој го водел ученикот и го довел до ниво за меѓународна награда.

Со членот 3 се додава нов член 24-в со кој се уредува дека училиштата можат да организираат активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Средства за реализација на овие активности се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, односно општините во градот Скопје, и од други извори (донации, легати, подароци и друго), а се користат наменски. За доделување на средства за реализација на активностите од ставот (1) на овој член, Министерството објавува јавен повик еднаш во годината

Со член 4 се уредува можноста за воведување на Меѓународна програма за средно образование (ИБ програма).

Со членот 5 се врши усогласување односно се дополнува како документ “додатокот на свидетелство”. Со членовите 6 се уредува квалитативно подобрување на процесот на екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците, односно опфатот на учениците во процесот на екстерното проверување на постигањата на успехот, процесот на ревизија и ажурирање на базите на прашања, начинот на ангажирање на набљудувачите, додатокот на свидетелство во кој ќе се внесуваат резултатите од процесот на екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците и опфатот на учениците со посебни образовани потреби.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Предлог измени во Законот за основното образование:

Со член 1 се допрецизира постапата за поднесување на барање за освоено прво место на натпревар на државно ниво

Со член 2 се додава нов член 34-в со кој се уредува дека училиштата можат да организираат активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Средства за реализација на овие активности се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, односно општините во градот Скопје, и од други извори (донации, легати, подароци и друго), а се користат наменски. За доделување на средства за реализација на активностите од ставот (1) на овој член, Министерството објавува јавен повик еднаш во годината.

Со членовите 3 и 4 се уредува квалитативно подобрување на процесот на екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците, односно опфатот на учениците во процесот на екстерното проверување на постигањата на успехот, процесот на ревизија и ажурирање на базите на прашања, начинот на ангажирање на набљудувачите, додатокот на свидетелство во кој ќе се внесуваат резултатите од процесот на екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците и опфатот на учениците со посебни образовани потреби.

Со членовите 5, 6 и 7 се врши усогласување односно се дополнува како документ од педагошката евиденција “додатокот на свидетелство”. Со членот 8 се исправа техничка грешка во законот. Со членот 9 се врши усогласување односно се дополнува како документ од педагошката евиденција “додатокот на свидетелство”.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико